Англиските медиуми пренесуваат дека една од главните трансфер цели на Манчестер Јуанјтед во летниот преоден рок ќе биде играчот на Челзи, Вилијан.
Познато е колку Мурињо ги цени квалитетите на Вилијан, а и самиот фудбалер е отворен за преселба на „Олд Трафорд“ и сака повторно да соработува со специјалниот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да испртатат понуда од 60 милиони фунти за потписот на Бразилецот.
Манчестер Јунајтед сака да ја искористи „конфузијата“ во редовите на „сините“ кои се уште немаат именувано нов тренер, па останува да видиме како Челзи ќе реагира на ваквата понуда.
Минатото лето „црвените ѓаволи“ го ангажираа Немања Матиќ од Челзи, што се покажа како полн погодок.
Manchester United are preparing a £60m bid to take Willian from Chelsea this summer. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/ZqZY3A8eMF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 18, 2018