Дома Фудбал Мурињо: Кој може да каже дека бил тренер на Меси? Тоа е апсурдно

Мурињо: Кој може да каже дека бил тренер на Меси? Тоа е апсурдно

ЖОЗЕ МУРИЊО (61) е без работа откако Рома го отпушти кон средината на јануари годинава.

Славниот португалски тренер бара нова средина, а во меѓувреме гостуваше во подкастот на Јутјуберот Ом. Меѓу другото, тој откри кој играч би сакал да го тренира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Лионел Меси е пример. Него не треба да го тренирате. Кој може да каже: “Јас бев тренер на Меси?” За мене тоа е апсурдно бидејќи тој знае се и е роден со се. Можеби може да ги научи другите нешто. Би сакал да го тренирам само за да имам чест да се пофалам со тоа“, одговори Мурињо.

Да потсетиме, Меси (36) моментално настапува за Интер Мајами, американски клуб кој се натпреварува во МЛС и чиј тренер е Аргентинецот Херардо Мартино. Мурињо, пак, е еден од најголемите тренери досега, а ги водеше Бенфика, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со нов чекор кон привлекувањето на Бастони

Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандр…