Лионел Меси ги импресионираше апсолутно сите со фантастичниот настап во полуфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Волшебникот на Барселона постигна два гола во победата на каталонскиот гигант од 3:0 и така шпанскиот гигант стигна чекор од пласман во финале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Апсолутно сите беа импресионирани од она што го правеше Меси. Помеѓу нив е и поранешниот голем ривал на Барселона, Жозе Мурињо.
Тој во коментарот за натпреварот го нарече фудбалски Бог.
„Позитивно е што Ливерпул не беше издоминиран. Исто така, напрација три големи шанси на „Камп Ноу“, што е многу. Нормално е да постигне еден гол од три големи шанси, тогаш приказната би била поинаква, но тој Бог на фудбалот го направи натпреварот поинаков. Имаа одлични фудбалери, одличен тим, но тој играч едноставно е неверојатен“, изјави помеѓу другото Мурињо.
Mourinho calling Messi (God of football) ? pic.twitter.com/Ubmz7po9Jh
— arbias (@arbias05) May 2, 2019