Дома Фудбал Италија Мурињо имал две понуди: Откри кои клубови ги одбил за да остане во Рома

Мурињо имал две понуди: Откри кои клубови ги одбил за да остане во Рома

Жозе Мурињо го потврди она што се пишуваше во претходниот период, дека добил понуди од Саудиска Арабија, а откри и од кои клубови.

За „Кориере дело Спорт“, португалскиот стратег изјави дека Ал Хилал и Ал Ахли биле клубовите кои се обидувале да го доведат.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мурињо во Рома пристигна во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига во неговата прва сезона, а минатата играше финале во кое загуби од Севиља.

„Ал Хилал и Ал Ахли се обидуваа да ме доведат, испратија понуди, но ги одбив и одлучив да останам во Рома. Никогаш никаде не е како што посакувате, се лутам во еден час, но потоа се расположувам, не паѓам во депресија и не се заканувам, го работам тоа што ми е работа“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џон Тери размислувал за самоубиство

Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, откри дека се соочувал со темни помисли откако пр…