Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Тотенхем спремааат интересна трампа во зимскиот преоден рок.
Приоритет на Мурињо во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец. Ги сакаше Ромањоли и Шкриниар, но мали се шансите миланските гиганти да се согласат да ги продадат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа се уште прва опција за „црвените ѓаволи“ е Тоби Алдервајлед од Тотенхем, а сега Мурињо има интересна идеја како да дојде до потписот на Белгиецот.
Имено, „Специјалниот“ сака да предложи трампа со Ерик Баи, кој оваа сезона добива мала минитажа и не е задоволен од тратманот на Мурињо.
Тотенхем би можел да ја прифати оваа понуда бидејќи Алдервајлед се уште не потпишал нов договор, па во тој случај Покетино би добил негова замена.
Баи е помлад, веќе го покажа својот потенцијал во Премиер лигата, а се чини дека оваа сезона е во немолост на Мурињо поради лошите односи надвор од теренот.