Дома Фудбал Италија Мурињо го „пецна“ Интер: За Лукаку правите драма, а Чалханоглу од Милан е одличен трансфер!?

Мурињо го „пецна“ Интер: За Лукаку правите драма, а Чалханоглу од Милан е одличен трансфер!?

Жозе Мурињо на пресконференцијата пред дуелот со Славија Прага очекувано зборуваше за престојното дерби во Серија А против Интер.

Тоа ќе биде враќање за Лукаку на „Џузепе Меаца“ каде ќе биде пеколно пречекан, па Мурињо го обвини Интер за двојни стандарди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знаев дека Лукаку бил толку важен за Интер. Неговото преминување во Рома е драма, а трансферот на Чалханоглу од Милан е одличен. За мене е изненадување Лукаку да има толку важна улога во историјата на Интер. Па тој таму освои само едно Скудето, има такви уште 200 играчи како него“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го расплака Интер на крајот со „проектил“ на тинејџер од Црна Гора

Екипите на Јувентус и Интер завршија со резултат 4:3 на „Алијанц Стадион“ во Дерби д’Итали…