Јусеф Ен Незири стана најскапиот фудбалер во историјата на турскиот фудбал, бидејќи со трансферот од Севиља во Фенербахче го собори рекордот стар две и пол децении.
Турскиот тим плати отштета од 19.500.000 евра за мароканскиот репрезентативец, а сумата може да порасне уште повеќе бидејќи Севиља има 10% од следната продажба на Незири.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што веќе кажавме, ова е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот во Турција, а претходно во 2000 година Галатасарај за Жардел плати 17.050.000.
Дали доаѓањето на Ен Незири значи заминување на Един Џеко во сплитскиот Хајдук, кој е заинтересиран за неговите услуги, останува да видиме.
Под палката на Жозе Мурињо, Фенербахче успеа да го победи Лугано на гости со 4:3 во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Youssef En-Nesyri, Fenerbahçe'de ilk antrenmanına çıktı. pic.twitter.com/l4ISws8WOf
— Fotomaç (@fotomac) July 25, 2024