Жребот за четвртфиналето од ФА Купот донесе многу инетерсни дуели, меѓу кои најинтересно ќе биде враќањето на Жозе Мурињо на „Стенфорд Бриџ“, протув ’својот’ Челзи.
Дуелот помеѓу Челзи и Јунајтед на програмата е на 11-ти март, но Жозе Мурињо уште денес ги започна подготовките и испрати провокативна порака од „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веројатно Челзи е во предност бидејќи може да мисли само на ФА Купот. Тие се шампиони и немаат друго натпреварување во кое учествуваат. Во исто време, нам ни претстои реваншот со Сент Етјен во Лигата Европа, потоа финалето во Лига купот и веројатно уште еден натпревар од Лигата Европа. Капак на се, се бориме за четвртото место во првенството. Има толку многу работи за кои треба да мислиме. Најдобро е тоа што натпреварот со Челзи е за речиси еден месец”, изјави Мурињо.
Покрај овој дуел во четвртфиналето ќе се сретнат уште:
Мидлсброу – Манчестер Сити/Хадерсфилд
Тотенхем – Милвол
Сатон/Арсенал – Линколн