Дома Фудбал Останато „Мундо Депортиво“ го откри составот за Барселона за денешното дерби

„Мундо Депортиво“ го откри составот за Барселона за денешното дерби

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат на гости против Атлетико Мадрид во рамките од 10. коло во шпанската Ла Лига.

После репрезентативната пауза каталонскиот клуб сака со победа да ја продолжи сезоната, но јасно е дека ги очекува тешка задача. Играчите на Атлетико ќе бидат дополнително мотивирани бидејќи овој клуб повеќе од десет години не ја победил Барселона во Ла Лига.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Двата тренери во овие моменти имаат проблем со составите

Најголем проблем за Куман е што Серхио Бускетс нема да игра, тој се повреди во натпреварот за Шпанија и ќе биде отсутен неколку недели. Бускетс заедно со Де Јонг е играчот со најголема минутажа кај Куман, но Холанѓанецот сега ќе мора да пронајде ново решение.

Според информациите на „Мундо Депортиво“ вака ќе изгледа составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Пике, Ленгле, Алба, Де Јонг, Пјаниќ, Педри, Меси, Дембеле, Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот…