Дома Македонски спорт Мак ракомет Мукаетов откри каков кандидат ќе се бара за селектор: Парондо и Брестовац немаат шанси?

Мукаетов откри каков кандидат ќе се бара за селектор: Парондо и Брестовац немаат шанси?

Раул Гонзалез неодамна ја напушти селекторската функција во Македонија и во овој период најголем предизвик на РФМ ќе биде пронаоѓањето на нов селектор.

Во јавноста многу често се споменуваа имњиата на Роберто Парондо и Данило Брестовац, меѓутоа изгледа нема да биде ниту еден од нив.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Новиот селектор на Македонија ќе мора да биде избран до половината март бидејќи веќе на 10-ти и 14-ти април ги играме клучните натпреваро со Исланд.

Претседателот на федерацијата Живко Мукаетов не откри кој ќе биде, но порача кој со сигурност нема да биде селектор на Македонија.

„Во следниот период еден од најголемите предизвици на федерацијата ќе биде пронаоѓањето на нов селектор на А репрезентацијата. Тој сигурно ќе биде професионалец, а јас ќе инсистирам да биде човек кој ќе нема клупски ангажман. Во април не очекуваат важни натпревари и мораме тоа прашање што побрзо да го решиме“, изјави Мукаетов.

Ова практично значи дека Данило Брестовац кој го води Металург и Роберто Парондо кој е тренер на Вардар и немаат премногу шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…