Дома Фудбал Англија Моќниот Манчестер Сити против Челзи постави два рекорди во Премиер лигата

Моќниот Манчестер Сити против Челзи постави два рекорди во Премиер лигата

Манчестер Сити доминацијата во англиското првенство ја потврди и со победата над Челзи (1:0), во дербито од 29. коло од Премиер лигата.

На тимот на Пеп Гвардиола сега му се потребни само четири победи во преостанатите девет кола за математички да ја освои титулата на Англија. По првата титула во последните четири години, Сити дојде до победа во која постави две импресивни рекорди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Екипата на Гвардиола имаше дури 902 успешни додавања (од 975 обиди), што е рекрод во Премиер лигата откако се мери овој учинок од сезоната 2003/04.

Освен тимски, Сити во иста прилика стави и индивидуален рекорд во оваа категорија. Илкај Гундоган додаде дури 174 пати. Колку неговиот рекорд е импресивен, најдобро покажува оваа споредба: цела екипа на Стоук вчера против Саутемптон имаше 162 додавања.

Одличните рекорди на Сити добиваат посебно значење со оглед на тоа што се остварени против актуелниот шампион на Премиер лигата. Вака изгледа мрежата на Гвардиола на додавање во која се фати Челзи:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милевски го објави списокот со фудбалери за дуелите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн (Фото)

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудб…