Дома Фудбал Италија Мората ја зеде „деветката“: Ова е животна шанса за мене!

Мората ја зеде „деветката“: Ова е животна шанса за мене!

Алваро Мората денеска и официјално беше претставен како нов играч на Јувентус.

Шпанскиот напаѓач не го криеше задоволството што се враќа во Торино и го избра дресот со број „9“, кој претходно го носеше Гонзало Игуаин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Одлично е чувството да се вратиш во Торино. Сега сум поискусна личност и подобар фудбалер. Ова е животна шанса за мене. Веќе по првите два тренинзи бев импресиониран од Пирло како тренер бидејќи го знае фудбалот. Сигурен сум во успехот и би сакал да постигнам 35 гола“, изјави Мората.

„Секогаш велев дека мојот сон е да играм за Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваа во мене и кога бев многу млад и благодарен сум за шансата. Сега сум на вистинско место во вистинско време. Најдобрата меморија од Италија ми е мојата сопруга и трофеите кои ги освоив“, додаде 27-годишниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кукурела сè уште не ја исклучува Барселона: „Тешко е да се каже не ако повикаат“

Фудбалерот на Челзи и репрезентативец на Шпанија, Марк Кукурела, не крие дека би му било ч…