Дома Фудбал Англија Мората со првата изјава ги налути навивачите на Реал

Мората со првата изјава ги налути навивачите на Реал

Алваро Мората денес пристигна во Лондон каде треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да стане нов играч на Челзи.

Мората веднаш после пристигнувањето на аеродромот истакна дека е воодушевен што ќе соработува со Антонио Конте и што ќе игра во најдобрата лига во светот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Ова е најдобриот клуб. Антонио Конте е еден од најдобрите тренери на светот и многу сум среќен што ќе работам со него“, истакна Шпанецот и не сакаше да коментира за интересот на Манчестер Јунајтед.

„Англија ја има најдобрата лига во светот и многу сум среќен што доаѓам овде. Разговарав со Аспиликуета и ми рече дека брзо можам да се прилагодам и ми кажа само убави работи за клубот“, додаде напаѓачот.

Челзи за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му плати 80 милиони евра, а Мората ќе потпише 5-годишен договор со актуелниот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скржавоста може скапо да го чини Перез: Ако не се реши брзо, се „активираат“ Ливерпул, Челси и Арсенал

Реал Мадрид има неуспешна сезона зад себе и летово ќе мора уште еднаш да се сврти кон тран…