Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мората се доближи до Платини, но Роналдо е уште далеку

Мората се доближи до Платини, но Роналдо е уште далеку

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората со голoт против Хрватска во натпреварот од првото коло од групата Б на Европското првенство се проби на третото место на најдобри стрелци на ЕП на сите времиња.

Шпанија вчера во Берлин ја совлада Хрватска со 3:0. За искусниот напаѓач тоа беше седми гол континенталните собири.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Истиот ефект го имаат Французинот Антоан Гризман и легендарниот Англичанец Алан Ширер.

Најдобар стрелец на Европските првенства без рамен е Кристијано Роналдо кој досега постигна 14 гола.

На второто место е славниот Французин Мишел Платини со девет гола.

Покрај Мората на првенството играат и Роналдо и Гризман, па така и тие двајца ќе имаат можност да го потврдат сопствениот учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал тргнува по новата италијанска ѕвезда

Реал Мадрид се приклучи во трката за потписот на италијанскиот дефанзивец и член на Болоња…