Примарна трансфер цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Арсенал се ослободи од Обамејанг, а исто така и Лаказет ќе замине ова лето, па Артета сака да доведе најмалку еден напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нова мета е Алваро Мората, кој игра во Јувентус како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид.
Торинскиот клуб има можност до крајот на јуни да го купи напаѓачот од Атлетико за 35 милиони евра. Шпанскиот спортски весник „Ас“ наведува дека Јувентус не сака да ја продолжи соработката со Мората, кој во тој случај би морал да се врати во Мадрид.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој веќе спремил понуда од 35 милиони евра и сака да го донесе на „Емирати“.