Сагата околу иднината на Алваро Мората продолжува. Напаѓачот денес пристигна во Мадрид со надеж дека ќе успее да го комплетира трансферот во Барселона.
Не е тајна дека Барселона сака да го донесе Мората на позајмица, но трансферот се комплицира поради неколку фактори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус првично не сакаше да го пушти Шпанецот, но сега откако го договорија Душан Влаховиќ, „старата дама“ повеќе не е пречка за трансферот. Меѓутоа, Барселона треба да добие зелено светло од Атлетико Мадрид.
Според шпанските медиуми „јорганџиите“ не сакаат да го пуштат на позајмица туку да го продадат Мората. Од друга страна пак Барселона не може да си ја дозволи платата на напаѓачот доколку Дембеле не го продолжи договорот или не замине од Камп Ноу.
Сите страни работат на трансферот и се во трка со времето, а Мората во Мадрид чека разврска и се надева дека го облече дресот на Барселона.