Aлваро Мората во овој момент настапува за Атлетико Мадрид, а пред тоа беше член на Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.
Со оглед дека цела кариера игра во најголемите клубови до сега практично играше против сите најдобри светски дефанзивци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на разговорот со тенисерот Фабио Фоњини на Инстаграм тој го избра стоперот против кој му е најтешко да игра, а тоа е неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Џорџо Киелини.
„Прв сигурно е Киелини. Не знам дали тоа го прави намерно ама секогаш кога играм против него ме уништува. Со Леонардо Бонучи може да поразговараш на теренот. Рамос исто така е тврд дефанзивец, додека кога одите на Вирџил Ван Дајк е како да одите кон планина“, објасни Мората
Киелини и Мората ја делеа соблекувалната од 2014 до 2016 година. Од тогаш се сретнаа уште неколку пати кога Јувентус играше против Реал и Атлетико.