Дома Фудбал Италија Монтела: Целта на Милан е пласман во Лигата на шампиони!

Монтела: Целта на Милан е пласман во Лигата на шампиони!

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела посочи дека основната цел на „росонерите“ следната сезона ќе биде пласман меѓу првите четири во Серија А, што ќе значи и обезбедување пласман во Лигата на шампиони.

Милан е многу активен на трансфер пазарот, веќе донесе седум нови засилување, гради силен тим, па со самото тоа и ентузијазмот кај фановите расте од ден на ден.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Тимот растем дојдоа нови врвни засилувања. Имаме многу работа пред нас, сеуште треба да замеме важни одлуки за играчи кои ќе си заминат, но јас сум оптимист. Сигурно ќе пристигнат упте засилувања до крајот на преодниот рок. Нашата главна цел оваа сезона ќе биде враќање во Лигата на шампиони“, посочи Монтела.

„Знаеме дека конкуренцијата е многу голема. Покрај Јувентус, тука се уште Рома, Наполи, Интер, Лацио, па сигурно ќе биде тешко. Сепак, јас верувам дека ние имаме тим за да се бориме за пласман во Топ 4 следната сезона“, додаде тренерот на „росонерите“.

Милан вчера ги започна припремите за новата сезона, а играчите беа поздравени од околу 5.000 фанови пред тренинг центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите мислеа дека е пред отказ, а Гатузо сега – доби награда!

Кога Никола Калиниќ го напушти Хајдук, многумина во регионот мислеа дека неговиот избор за…