Дома Македонски спорт Мак ракомет Монпеље убедливо подобар од нашиот Металург во Лигата на шампионите

Монпеље убедливо подобар од нашиот Металург во Лигата на шампионите

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург претрпеа пораз 28:18 на гостувањето кај екс европскиот шампион Монпеље во натпревар од 5. коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Металург беше рамноправен во првиот дел кога имаше и водство, а по 30 минути беше 13:12 за Монпеље.

Сепак францускиот тим во вториот дел доминираше на теренот и вторите 30 минути ги доби со 15:6.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најефикасни кај Монпеље беа Матју Гребил и Вид Кавтичник со по 5 голови, додека кај Металург Воислав Брајовиќ постигна 6 голови, а Марко Нелоски 4.

На другите два дуела од оваа група: Елверум – Ла Риоха 27:32 и Татран Прешов – Чеховски Медведи 30:28.

Табела: Ла Риоха 7 бодови, Монпеље 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Проектилот на Кузмановски е еден од најдобрите голови на колото во ЛШ (Видео)

Еден од головите на Филип Кузмановски на дуелот меѓу Пелистер и Загреб беше избран за трет…