Ова е четврто засилување за Монако во овој преоден ток, додека клубот го напуштија Фабиљо и Томас Лемар.
Познато е дека Монако сака да промовира млади играчи, но сега се определија сепак за нешто поискусен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Замената за Фабињо на средината на теренот ќе биде Пеле од Рио Аве, 20-годишниот играч за врска.
Тој во изминатата сезона го предводеше Рио Аве до импресивното петто место во лигата и е прогласен за најдобар играч на сезоната во овој клуб.
„Многу сум среќен за преминувањето во Монако, многу амбициозен клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите и кој е кандидат за освојување на првенството“, започна Пеле.
„Имам огромна мотивација што подобро да го претставам Монако, одвај чекам да ги запознаам соиграчите“, додаде 20-годишниот играч за врска.
Пред Пеле во Монако стигнаа Наваро од Барселона, Панзо, младиот играч на Челзи и Вилијем Губелс од Лион.