Дома Фудбал Италија Момчето кое ја воодушеви Италија: Јувентус доби нов „Пол Погба“

Момчето кое ја воодушеви Италија: Јувентус доби нов „Пол Погба“

Италија е воодушевена од новиот фудбалер од средината на Јувентус кој неочекувано оваа сезона доби шанса да ги покаже своите квалитети и максимално ја искористи.

Родриго Бентакур е фудбалерот кој ги изненади сите во Јувентус, но и во Италија. „Старата дама“ имаше намера да го испрати на позајмица, но на припремите тој покажа огромен квалитет и одлучено беше да остане.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


И не само тоа, благодарение на повредите во италијанскиот гигант тој за краток период стана миленик на навивачите и сега често пати добива место во почетниот тим. Голем број фанови на Јувентус негодуваа кога Јувентус прифати во март да ја активира клазула, бидејќи го зафаќаше местото за странец во екипата.

Токму поради тоа Јувентус покрај Даглас Коста не го доведе и Серж Орие од ПСЖ кој на крајот заврши во Тотенхем.

Но сега се покажа дека „старата дама“ не погреши и повторно направи маестрален потег  на трансфер пазарот.

„Знаеме дека многумина зборуваа дека после шест месеци ќе се врати во Бока, но луѓето како да не го следат фудбалот овде. Леонардо Бентакур е еден од најталентираните фудбалери во светот, тој игра со зрелост на фудбалер од 30 години“, изјави тренерот кој го тренираше во Бока.

Исто така тој тврди дека за една година, Уругваецот кој веќе доби повик од националниот тим ќе го достигне квалитетот и вредноста на Пол Погба.

„Има се, погледнете колку дуели добива, колкав простор покрива, почекајте да се навикне и да започне да постигнува погодоци. Јувентус во своите редови има нов Погба“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…