Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се избори за осминафинале на УС Опен откако со 3:0 го совлада Португалецот, Сосусао, во четвртфиналето ќе се сретне со Милиман кој сензационално славеше над Федерер.
После убедливата победа, Новак имаше исклучително интересна конференција каде што освен новинарите прашања му поставуваа и децата кои беа присутни во салата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лолита и Жонас го земаа микрофонот во свои раце, а потоа ги пофалија имитациите на Ѓоковиќ и го запрашаа кој најдобро го имитирал.
„Енди Родик одлично ме имитираше. А, сега? Можеби Ник Кирјос“, одговори расположениот Ѓоковиќ.
После одговорот симпатичното момче се пофали дека и тој може да го имитира познатиот поздрав на Ѓоковиќ кон публиката.
Таквиот потег добро го насмеа Ѓоковиќ.
„Официјално, ова е најдобрата имитација на Ѓоковиќ“, изјави Новак низ смеа, а потоа и му ја поклони својата капа на момчето.