Јувентус вчера успеа да се врати од тешка позиција и на свој терен со победа од 3:0 да ја надополни негативата од првиот натпревар против Атлетико на кој во Мадрид изгуби со 2:0.
Најзаслужен за фантастичната вечер на Јувентус беше Кристиано Роналдо кој ги постигна сите три погодоци, еден во првото полувреме и два во второто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо така стана првиот играч кој стигнал до бројката од 125 погодоци во најелитното европско натпреварување. Кога Португалецот ќе има своја вечер едноставно е незапирливи, а вчера освен со погодоците се истакна со дриблингот со кој го „измести“ играчот на Атлетико, Коке.
Ronaldo great turn on Koke#JUVATM pic.twitter.com/qb8SWMjZUP
— Dale Suffolk (@TheBlueMalladus) March 12, 2019
Секако после еден ваков настап и самиот Роналдо беше презадоволен.
„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, гласеше изјавата на Роналдо после натпреварот.
Противникот за четвртфиналето Јувентус и Роналдо ќе го дознаат на ждрепката која е закажана за во петок во 12:00 часот.
https://www.youtube.com/watch?v=fAjZ8gAxq8o