Eурофарм Пелистер вчера го освои првиот бод во Лигата на шампионите откако одигра реми со португалски Спортинг 24-24.
Македонскиот претставник одигра одличен натпревар се до завршницата каде што мораше да спасува бод. Имаа пелистерци водство во најголем дел од средбата, меѓутоа во финишот 12 минути беа без постигнат гол, па дозволија противникот да го преземе водството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во последните моменти блесна младиот Павле Атанасијевиќ кој погоди за бод на битолскиот состав.
Коментари