Дома Останати МОК бара суспензија на сите руски и белоруски спортисти од меѓународните натпревари

МОК бара суспензија на сите руски и белоруски спортисти од меѓународните натпревари

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им препорача на меѓународните спортски федерации на спортистите од Русија и Белорусија да им биде забрането да се натпреваруваат поради инвазијата на Украина.

МОК во соопштение на 28 февруари рече дека неговиот извршен одбор донесе одлука „да го заштити интегритетот на светските спортски натпревари и за безбедноста на сите учесници“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Доколку оваа санкција не може да се спроведе поради правни причини, тогаш руските и белоруските спортисти можат да учествуваат, но како неутрални натпреварувачи.

„Не смеат да бидат истакнати национални симболи, бои, знамиња или химни“, се вели во соопштението.

Оваа одлука на МОК доаѓа поради воената инвазија на Русија кон Украина и се однесува на индивидуалните спортисти и колективите како клубови и репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…