Дома Трансфер зона Може така се би било поинаку: Кога Мојс бил тренер, три ѕвезди биле пред потпис со Јунајтед!

Може така се би било поинаку: Кога Мојс бил тренер, три ѕвезди биле пред потпис со Јунајтед!

Дејвид Мојс периодот во Манчестер Јунајтед нема да го памети по добро.

Шкотскиот стратег доби отказ уште во првата сезона и не успеа да заврши ниту една година како тренер на Манчестер Јунајтед.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според многумина таа одлука на раководството на клубот била избрзана и можеби Мојс требаше да добие уште некое време. Додека Мојс беше тренер пристигнаа само Маруан Фелаини и Хуан Мата и тие не успеаа да донесат некоја промена.

Мојс сега откри дека три ѕвезди биле блиску до потпис со Јунајтед, станува збор за Бејл, Крос и Фабрегас.

„Тони Крос беше наш приоритет и требаше да потпише. Во посериозна фаза на преговори бевме и со Герет Бејл и Сеск Фабрегас. Меѓутоа се случи тоа што ми се случуваше и во Евертон, бевме блиску до многу фудбалери, но на крајот се пропадна“, објасни Мојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…