Кристал Палас не ја започна сезоната во Премиер лигата како што oчекуваше, а тоа многу брзо може да доведе до отказ на менаџерот Оливер Глазнер.
Во медиумите веќе се пишува за неговата потенцијална замена. Палас во актуелната сезона влезе со сериозни амбиции, но во седум кола освои само три бода и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Глезнер го презеде клубот минатата сезона и успеа да го препороди. Се очекуваше дека тимот ќе продолжи да расте, сепак, имаше голем пад што може да го остави австрискиот стратег без работа.
Дејвид Мојс во овој момент важи за фаворит да го наследни Глезнер ако тој замине. Во минатото Мојс покажа дека знае да ја подигне формата на екипите и да ги извлече од лоша ситуација.
Најголем белег Мојс стави во Евертон каде што помина 11 години, а потоа имаше неславни епизоди во Манчестер Јунајтед и Реал Сосеидад. Од Шпанија се врати на Островот и по една сезона во Сандерленд го презема Вест Хем со кого прво обезбеди опстанок за потоа да го одведе тимот до трофејот во Конференциската лига и полуфиналето во Лига Европа.