Трансферот на Нејмар минатото лето промени се, директорите стравуваат за своите најдобри играчи, но вакво нешто веројатно е премногу.
Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона и во него беше вметната клазула од 700 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2021 година, а потоа би можел кариерата да ја заврши во својот Њуелс во Аргентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие денови во медиумите се појавија информации дека поради притисокот од семејство би можел да се врати порано, но јасно е дека шансите за такво нешто се мали.
Но, може ли некој да ја плати клазулта и да го доведе?
Навистина е лудо да се помисли такво нешто, но финансискиот директор на Барселона, Панчо Шредер не се осмелува да каже дека не е можно.
„Може! Истото го мислевме и за Нејмар дека нема шанси, но видовте што се случи. Ова е лудо време и сМе е можно“.
Иако тврди дека може, навистина е тешко да се поверува дека некој клуб ќе пронајде начин до толку многу да го изигра ФФП (финансискиот фер плеј) и да плати 700 милиони евра. Што е уште поважно, Меси барем како што изгледа во овој момент не би ја напуштил Барселона за да премине во ПСЖ или Манчестер Сити.