Натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија вчера не помина во коректно навивање како што се апелираше, пред почетокот на натпреварот жестоко беше исвиркана бугарската химна.
Денес од Министерството за надворешни работи ја осудија ваквата реакција на навивачите:
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух.
Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред се’, добри соседи“, стои во реакцијата од МНР