Дома Македонски спорт Мак фудбал Младите Шишковски и Велковски повикани за Израел!

Младите Шишковски и Велковски повикани за Израел!

Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6 октомври во Скопје.

Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласиле дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој најдобрата селекција, в четврток, ќе го одигра во Скопје.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година.

Најдобрата селекција по мечот со Израел, ќе одигра уште еден натпревар во Скопје, в недела против Италија, додека младата селекција на 11 октомври ќе ја пречека Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…