Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите ракометари на Македонија ја победија Полска во втората фаза на ЕП

Младите ракометари на Македонија ја победија Полска во втората фаза на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години стигна до победа против Полска од 28:26 на стартот од втората фаза во која разигруваме за од 9-тата до 16-тата позиција на ЕП.

Македонија имаше контролата во текот на целиот натпревар. Кон средината полувремето со една серија 7:2 дојдовме до највисоките шест гола разлика со резултат 26:20. По тој период дојде до опуштање во нашите редови, меѓутоа полските ракометари беа далеку од тоа да ја загрозат конечната победа.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Најефикасни во нашата селекција со по четири гола беа Узунчев, Митев и Калајџиоски, по три имаа Субашевски и Карасманкис.

Утре од 12:00 часот македонските млади ракометари ќе играат против Романија, а во последниот натпревар на 18-ти јули не чека дуел со Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ермени…