Дома Македонски спорт Мак фудбал Младиот талент се прости од Вардар со емотивен статус: Заминувам од клубот кој е моја најголема љубов

Младиот талент се прости од Вардар со емотивен статус: Заминувам од клубот кој е моја најголема љубов

Oна што беше најавено со непојавувањето на припремите, младиот Никола Серафимов го потврди денес преку социјалните мрежи.

Еден од најпреспективните фудбалери во Вардар, Никола Серафимов си заминува од таборот на црвено-црните. Серафимов со емотивен статус се прости од Вардар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Jа имав честа 13 години да тренирам, да учам, да се развивам носејки го дресот на најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб. Сакам да се заблагодарам на ФК Вардар за соработката, шансите, знаењето и искуството што ми овозможи да ги стекнам. Одговорноста да се носи црвено црниот дрес е голема, и за мене се од непроценливо значење сите одиграни натпревари во кои што секогаш го давав максимумот за да ги одбранам боите на мојот клуб. Големо благодарам до сите тренери, соиграчи, навивачи и пријатели за несебичната поддршка и соработка. Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат. Од Вардар заминувам со посебен респект, зошто овој клуб е мојата прва и најголема фудбалска љубов“, стои во статусот на Серафимов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…