Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди денес дека Стефан Бајчетиќ го продолжи договорот.
Бајчетиќ посебно го сврте вниманието на себе ова сезона, а од почетокот на 2023 година игра во одлична форма, па не е чудо што управата на клубот му го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот договор на младиот српски фудбалер е со важност до 2027 година.
„Ова е навистина лудо, пред само една година играв за У18 тимот и почнав да тренирам со првиот тим, одиграв неколку натпревари.
Потоа дебитирав и постигнав гол, неверојатно со колкава брзина се се развиваше. Но сакам да продолжам да тренирам напорно и се надевам дека работите и понатаму ќе се менуваат на подобро“, изјави Бајчетиќ.
Бајчетиќ е роден 2004 година и како тинејџер пристигна во Ливерпул од академијата од Селта во 2021 година.