Дома Фудбал Лига на шампиони Младиот Заниоло вчера го запиша своето име во историјата на италијанскиот и европскиот фудбал

Младиот Заниоло вчера го запиша своето име во историјата на италијанскиот и европскиот фудбал

Вчера беа одиграни првите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите (Рома – Порто, Манчестер Јунајтед – ПСЖ).

Тимот на Рома славеше со 2:1 против португалскиот претставник благодарение на фантастичниот настап на младиот напаѓач на „волчицата“ Никола Заниоло кој на „Олимпико“ испиша нова страница во европскиот фудбал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Примениот погодок на Рома во 79-тата минута фрлија мала сенка на изданието момчето кое е вистински летен трансфер џек-пот на овој клуб.

Вчера Заниоло стана најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во нокаут фаза од Лигата на шампионите. Со само 19 години…

„Многу сум среќен. За мене ова е незаборавен ден. Ништо не е готово. Имаме реванш. Не размислувам за моите голови, важен ми е тимот. Ќе се спремиме за реваншот. Нема ништо да им поклониме, бидејќи сме добар тим. Вечерва игравме добро, кога во прашање е прославата пред јужната трибина, тоа беше фантастично чуство. Се надевам дека ќе имаме уште многу прилики да славам“, изјави Заниоло.

https://www.youtube.com/watch?v=ClWdFufP6wU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тренерот на Ѕвезда: Би сакал да се формира регионална лига

Тренерот на Црвена Ѕвезда Владан Милојевиќ беше запрашан во Скопје за идејата за формирање…