Бисерот на Јувентус Моисе Кин оваа сезона игра одлично и Масимилијано Алегри во финишот од сезоната му даде солидна минутажа, а покрај тоа запиша и неколку настапи за репрезентацијата на Италија за која и се запиша во листата на стрелци.
За Кин во изминатите месеци навистина многу се пишуваше овој тинејџер се запиша во историјата како најмлад стрелец на „Аѕурите“, а руши рекорди и во Јувентус. Во едно од интервјуата Кин се потсети на минатото кога ги правел првите чекори во фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некогаш играв фудбал на улица, зад црвка…Шест на шест. Секој играч мораше да плати 10 евра, а јас некогаш немав да платам. Молев, позајмував, крадев и штедец цела надела за да можам да ги платам тие 10 евра“, изјави Кин и додаде:
„Еднаш толку очајнички сакав да играм фудбал што дури и украдов топка од еден свештеник во црквата“, откри Кин.
На Кин желбата за фудбал и тоа како денес му се исплати и на овој млад фудбалер кој има 19 години му се предвидува голема иднина.
Оваа сезона која полека изминува Кин одигра 11 натпревари и постигна шест гола, но доколку Алегри му даваше шанса од почетокот на сезоната тие бројки денес сигурно би биле поголеми.