Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ откри дека се обидел да го ангажира Андрес Иниеста.
Мијатовиќ во 2006 година ја презема улогата на спортски директор во Мадрид, по што имал преговори со многу фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакав да го донесам Иниеста во Реал Мадрид. Бевме блиску до потпис на договор, а разговаравме и со татко му. Иниеста беше неверојатен фудбалер“, кажа Мијатовиќ.
Иниеста изгради легедарен статус на „Камп Ноу“ и стана еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Барселона.
Мијатовиќ, исто така, ги пофали Педри и Гави од Барселона за кои смета дека се наследници на Иниеста и Чави.