Дома Фудбал Италија Михајловиќ: Јувентус? Јас сум роден спремен!

Михајловиќ: Јувентус? Јас сум роден спремен!

Голема работа заврши Синиша Михајловиќ со Болоња со која после вчерашното реми 3:3 против Лацио го обезбеди опстанокот во Серија А.

Михајловиќ од кога го превзема клубот запиша седум победи на десет натпреварот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Србинот сега смета дека направил чудо и истовремено најави дека е спремен да води поголем клуб.

„Кога дојдов само неколку луѓе веруваа дека можам да го спасам клубот од испаѓање. Јас бев помеѓу тие што веруваа. Видов квалитет и карактер во овој тим. Како што времето изминуваше се повеќе бев сигурен во опстанокот. Мислам дека опстанокот и се што направив за ова време во Болња е едно посебно чудо им благодарам на играчите кои се пред се големи луѓе, а потоа и фудбалери. Имавме тешки моменти, но успеавме да се држиме заедно, верувавме дека ќе избориме опстанок и на крајот успеавме“, изјави Михајловиќ.

Новинарите го запрашаа дали се точни гласините дека е во комбинација за нов тренер на Јувентус после заминувањето на Алегри, како и за наследник на Симоне Инзаги ако тој замине од Лацио.

„Да, Јувентус ме повика – пред пет години. Нашата работа подразбира констатно созревање и напредување, макотрпна работа и ширење на знаењето. Морате да ги следите трендовите во фудаблот и новите тенденции, па така јас денес сум поинаков тренер отколку пред пет години. Роден сум спремен“, заврши Михајловиќ.

Оваа негова изјава може да се протолкува како најава дека ако дојде повик од Торино тој ќе го прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус до Коке: Ти си губитник, јас имам две титули во ЛШ 🎥

Teнзично дерби одиграа градските ривали, Атлетико и Реал за викендот, а на крајот тоа завр…