Дома Фудбал Италија Михајловиќ ја раскажа агонијата со болеста и истакна: Не сум херој!

Михајловиќ ја раскажа агонијата со болеста и истакна: Не сум херој!

Синиша Михајловиќ на една италијанска телевизија зборуваше за тешкиот период кој го помина борејќи се против тешката болест.

Михајловиќ од летото се бори против леукемијата и после трите цуклуси на хемотерапија ситуацијата е многу подобра и изгледа дека болеста е победена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Михајловиќ ја победи болеста, но истакна дека не е херој и дека ќе мора многу да внимава во иднина.

„Имав 13 хемотерапии во пет дена, веќе после третата болеста се уништи. Првиот циклус беше најтежок, имав напади на паника, бидејќи бев заклучен во соба со филтриран воздух“, раскажува Михајловиќ.

„Ми доаѓаше да го скршам прозорецот со столица, но сопругата и медицинската сестра ме спречија. Ми дадоа инјекција за да се смирам. Не мислам дека сум херој, јас сум нормален човек со свои мани. Со болеста се носев на свој начин, секој мора да се соочи онака како мисли дека треба“, заклучи српскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…