Синиша Михајловиќ денес со Болоња игра против Удинезе и во овој натпревар може и математички да го обезбеди опстанокот во Серија А што секако беше главната цел на клубот пред почетокот на сезоната.
Медиумите пишуваат за неговата иднина, има договор со Болоња, сака да остане, но само во еден случај.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Српскиот тренер очекува засилувања од канадскиот тим за да создаде екипа која ќе се бори за излезе во Европа.
Болоња во последните четири сезони беше во средината на табелата и таму некаде ќе заврши и оваа сезона.
Во случај да не ги добие играчите кои ги сака, Михајловиќ е спремен да замине. Се шпекулира дека чека понуди од Англија. Претходно се поврзуваше со неколку тимови од Чемпионшип.