Дома Фудбал Италија Михајловиќ закажа прес-конференција!

Михајловиќ закажа прес-конференција!

Утрово сите медиуми во Италија пренесуваа вест дека српскиот стратег Синиша Михајловиќ ќе биде приморан да ја заврши тренерската кариера.

Наводно причината за тоа е тешка болест.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Детални информации засега нема, само се знае дека Михајловиќ не се чуствува добро уште од четвртокот.

Михајловиќ и минатата недела имаше проблеми со здравјето поради што Болоња мораше без него да ги започне припремите.

На почетокот се претпоставувало дека се работи за грозница, но лекарските прегледи покажале дека ситуацијата е многу посериозна.

Според информациите докторите му соопштиле на Михајловиќ дека мора да ја прекине кариерата за во целост да се посвети на лекувањето. Детали како што кажавме нема, но би требало да има денес во 16:30 часот.

Во 16:30 часот денес Михајловиќ закажа прес-кондеренција на која ќе им се обрати на медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…