Дома Фудбал Италија Михајловиќ за Донарума: Преку глава ми е да прави чуда против мене

Михајловиќ за Донарума: Преку глава ми е да прави чуда против мене

Вчера Болоња на Синиша Михајловиќ доживеа пораз на гости кај Милан од 2:0 во рамките од првото коло во Серија А.

Двата гола за Милан беа дело на Златан Ибрахимовиќ, одличен во натпреварот беше и голманот Џанлуиџи Донарума. Младиот голман забележа неколку супер интервенции, посебно се истакна во последните 15 минути кога не дозволи гостите да постигнат гол за надеж.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Михајловиќ по натпреварот беше запрашан за добриот настап на Донарума, а тој даде интересен одговор.

„Погрешив што му дадов шанса да дебитира. Преку глава ми е да прави чуда кога игра против мене“, се пошегува српскиот стратег.

Ќе потсетиме, Михајловиќ не се задржа премногу долго во Милан, но токму на негово инсистирање Џанлуиџи Донарума доби шанса да дебитира за првиот тим на само 16 години. Денес, Донарума има 21 година и зад себе собра 205 натпревари во дресот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…