Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.
После доброто прво полувреме, Македонија потфрли во второто полувреме, особено одбраната и голманите, па не успеавме да избегнеме пораз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега за пласман во следната фаза ќе мора да ја победиме селекцијата на домаќинот Австрија во последното коло.
„Остана да го одиме потешкиот пат. Имаме два дена да се подготвиме за Австрија, која не е кој знае колку силна репрезентација. Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар“, изјави Митревски.
„Денес немавме среќа, се надевам дека против домаќинот таа ќе биде на наша страна. Имаме уште еден да одиграме, да го оставиме срцето на терен, да играме како тим. Се надевам на поддршка како денес и како против Украина, сакаме на нивни крилја да славиме против Австрија на домашен терен“, изјави Пешевски.