Дома Останати Ракомет Миркуловски: Кога ќе замине Кире, лошо ни се пишува

Миркуловски: Кога ќе замине Кире, лошо ни се пишува

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски во интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека откако Кире Лазаров ќе се повлече на репрезентацијата и се пишува тешко.

„Во последно време слушнам многу приказни за светлата иднина, и дека и понатаму ќе се пласираме на Европските и на Светските првенства, но не верувам во тоа. Кога Кире Лазаров ќе се повлече, ќе ни биде тешко воопшто да се пласираме на големите натпреварувања. Ќе ни биде дури и потешко со новиот систем на квалификации за Мундијалите. Сите се надеваме на најдобро, но реалноста не е таква. Немаме ракометар кој веднаш би го заменил Лазаров на десен бек. Во следните три-четири години ќе мораме да се потпреме само на Талески и на Кузмановски и ќе ни биде исклучително тешко да се оствари позначаен резултат.“ – вели Миркуловски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Миркуловски од 2015 година настапува за германскиот бундеслигаш Вецлар, а бидејќи се наоѓа на крајот од кариерата, во наредната сезона ќе настапува и како помошен тренер и како ракометар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…