Дортмунд е познат како тим кој има доста млади играчи, а најмногу се истакнвуаат Пулишиќ и Санчо.
Санчо пристигна во Дортмунд 2017. година, а сите веднаш забележаа колкав талент е во прашање. Има само 18 години, а Дортмунд сака со новиот договор да ги одбие бројните клубови кои се заинтересирани за младиот напаѓач.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Младиот Санчо пристигна во Дортмунд од академијата на Сити. Не имаше трпеливост да добие шанса во тимот каков што е Манчестер Сити, па по уцената и барањето на нереални барања, клубот одлучи да го продаде.
„Милионерите“ беа воодушевени од овој фудбалер и веднаш му испратија пари на Сити за него. Пристигна во редовите на германскиот тим за 8 милиони фунти, а сега, само 14 месеци откако потпиша договор, Борусија е подготвена да му понуди нов.
Санчо игра одлично, а кога ќе ги погледнете бројките во новата сезона, јасно е зошто германскиот клуб се одбра за овој потег. Тој во оваа сезона постигна 1 гол и запиша 5 асистенции, за само 124 минути поминати на теренот.