Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, рече дека групата од квалификациите за ЕП 2024 е предизвик и дека е најтешката во квалификациите.
Ждрепката во Франкфурт одлучи Македонија да биде дел од групата Ц заедно со Англија, Италија, Украина и Малта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата“.
„Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави Милевски.