Дома Фудбал Репрезентации Милевски против Португалија нема да смета на четворица од списокот

Милевски против Португалија нема да смета на четворица од списокот

Селекторот Благоја Милевски ги избра 23-цата фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап вечерва.

Од составот отпаднаа Јани Атанасов, Валон Етеми, Ердал Ракип и Ердон Даци. Четворицата фудбалери ќе бидат на трибините, а останатите ќе конкурираат за натпреварот. Ќе потсетиме, Милевски за овој натпревар ги има на располагање Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кој беа суспендирани за дуелот во Палермо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во составот на Португалија селекторот Сантош нема да смета на Диого Далот од Манчестер Јунајтед, а на негово место ќе настапи Жоа Кансело кој беше под суспензија за натпреварот со Турција. Покрај Далот од тимот отпаднаа Гонсало Игнасио и Тијаго Џало.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриен условот на Халанд за да потпише за Реал Мадрид

Според пишувањата на шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за евенту…