Репрезентацијата на Македонија утре во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Пред овој натпревар на официланата прес конференција говореа селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, ќе треба да зборувам многу. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа, Македонија ужива во тоа, од мене играчите имаат една порака, да уживаат во моментот и натпреварот со Португалија“.
„Не очекува различен меч од оној со Италија, не знам колку треба да бидеме подобри од мечот со Италија, Португалија е составена од извонредни играчи кои се меѓу најдобрите во европскиот фудбал. Ние си имаме свои квалитети, како тим, како целина, ќе видиме што ќе донесе победа, тимска игра, или тимска поставеност. Што се однесува до Роналдо, се работи за најдобриот играч на светот, но тој не игра сам, играат уште други десет, тие имаат извонредни играчи, и ќе треба да се сконцентрираме на Португалија како тим, а не на поединци. Португалија е фаворит, но Македонија не е случајно тука, што ќе донесе натпреварот ќе видиме“, изјави Благоја Милевски.
Фото: Димитар Петковски