Дома Фудбал Италија Миланското дерби под знак прашалник поради смртта на Астори

Миланското дерби под знак прашалник поради смртта на Астори

Утрово Италија ја потресе веста за смртта на Давиде Астори кој според информациите починал во сон.

Поради оваа трагедија, секако натпреварот кој требаше да се одигра помеѓу Удинезе и Фиорентина е одложен. Но, покрај оваа средба би можеле да бидат одложени и останатите натпревари кои требаа да се одиграат денес.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Под знак прашалник е доведено и големото миланско дерби, кое е закажано за 20:45 часот помеѓу Милан и Интер. Шансите овој натпревар да биде одложен се навистина големи бидејќи Астори токму во Милан ја започна својата професионална кариера. Но, официјална потврда за такво нешто се уште нема.

Натпреварот кој требаше да се игра 12:30 часот помеѓу Џенова и Каљари исто така е одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Ливерпул го изгубија трпението: Парите за големото засилување се фрлени – стана најголемо промашување!

Германскиот фудбалер Флоријан Вирц се покажа како можеби најголемото промашување во летнио…