Градоначалникот на Милано Бепе Сала изјави за италијанските медиуми дека градските власти се спремни да го продадат „Сан Сиро“ за вистинска цена.
Еден од најпрепознатливите стадиони во светот веќе со години е во сопственост на градската управа, а имајќи предвид дека Милан и Интер сакаат да градат нов стадион. Сала понуди решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој им понуди на Милан и Интер да го откупат „Сан Сиро“ и да го реконструираат.
„Во овој момент постојат две можности, да се реновира „Сан Сиро“ или да се изгради нов стадион. Би додал и трета – спремни сме да го продадеме стадионот. Тоа се клубови во приватна сопственост кои гледаат за свој интерес и би можеле да прифатат вакво нешто. Ние ќе оставиме трета страна да направи проценка на вредноста. Мислам дека би требало цената да биде околу 70 милиони евра“, изјави Сала.
„Сан Сиро“ е најголем стадион во Италија со капацитет од 80.000 места, а го носи и името „Џузепе Меаца“.