Македонскиот репрезентативец Енис Барди наскоро би можел да направи трансфер во Италија во редовите на Милан пишуваат италијанските медиуми.
Наводно Стефано Пиоли во Барди гледа замена за Хакан Чалханоглу кој премина во градскиот ривал Интер. Барди во овој момент е член на Леванте и со овој клуб има договор до 2022 година. Леванте го процемува Барди на 15 милиони евра, а бидејќи клубот има финансиски проблеми лесно би можел да се договори со управата на „рсонерите“:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барди со Леванте има договор до 2022 година, па затоа ако тој сака да си замине Леванте веројатно нема да прави проблем за да не го загуби наредното лето без оштета.
Со овој трансфер Македонија би добила уште еден играч во Серија А покрај Елмас, Несторовски, а најверојатно и Пандев ќе продолжи уште една година.
Ќе споменеме и дека Барди би станал првиот Македонец што заиграл за Милан.